Press "Enter" to skip to content

Најмалите фудбалери на Топ гол на меѓународен турнир во Струга

Најмладата натпреварувачка генерација на фудбалскиот клуб Топ гол, родени 2009/2010 годна овој викенд учествуваат на меѓународен фудбалски турнир во Струга.

Покрај натпреварите со домашни екипи, Топ гол ќе се натпреварува со екипи од Албанија и Косово.

-Ова е голема можност за нас да се докажуваме на фудбалскиот терен но и прилика да стекнеме и меѓународно искуство. Паралелно со Светското првенство натпреварите на овој турнир се одлична прилика нашите фудбалерчиња да се стават во улога на светските фудбалери и да се стекнат со здрави навики и спортски животен стил, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ Гол.

Екипата на Топ гол на овој турнир го постави рекордот за нај брз постигнат гол на турнирот во 15 секунди од натпреварот.