Екипата на Пелистер деновиве го започна “походот“ насловен како експресно враќање во Првата лига, а Управата веќе ги направи и плановите за тоа да реализира уште во наредната сезона.
Спортскиот директор на Пелистер, Менде Степановски, за тоа како ќе се одвиваат плановите за летните подготовки вели:
-Подготовките за престојната сезона започнуваат на 10 јули, а се одлучивме за старт подоцна бидејќи првенството во Втората лига започнува подоцна во средината на август и за овој период ќе можеме да обработиме добри подготовки за наредната сезона, а за тоа со каков тим ќе биде Пелистер додава:
-Ќе кажам дека со оглед на тоа што ќе имаме помалку натпревари, ќе имаме и помалубројна екипа. Некои фудбалери веќе си најдоа нови клубови, некои бараат и ќе видиме како ќе поминат, но ние имаме разговори и за нови кои ќе играат за Пелистер. Но, пред да ги завршиме преговорите, овие денови, најдоцна со стартот на идната седмица, Управата ќе назначи и нов тренер со кој ќе го финишираме изборот на нови фудбалери. За тоа кој тренер ќе го води Пелистер нема да соопштам детали за преговорите.
Инаку, како дознаваме според сите разговори на Управата, нема да има стечајна постапка за ФК Пелистер, а долгот кој УЈП ќе биде платен.