Press "Enter" to skip to content

Наместо вечерна, летна шема и полн со луѓе Широк сокак, есенско расположение (фотогалерија)

Природата како да си поигрува со нас. Лето, крај на јуни, а температури како за октомври-ноември. Цел ден дожд и атмосфера како да е есен.

Ладниот бран кој го зафати Балканот и Македонија сите не изненади, а особено оние кои веќе имаа договорено аранжмани за летен одмор. Оние кои заминаа за Грција да поминат неколку денови на море исто така изненадени од ладното време и дожд кој немилосрдно врне и на делови од Грција, веќе се вратија во Битола, а оние кои планираа да заминат одложија за понатаму. Оние најхрабрите јавуваат дека наместо на плажа деновите ги врват во своите соби.

И корзото на Широк Сокак воопшто не потсетува на летна шема кога сите шетаат во вечерните часови и по жешкиот ден бараат ладовина. Синоќа 22 часот кога треба да е вечерниот летен шпиц, улицата немаше многу луѓе, а и тие што беа излезени облечени со есенска гардероба и брзааа да се сокријат од досадниот “есенски“ дожд, да седнат во кафулињата на потопло, а летните бавчи беа посетени само од по неколкумина.

Се разбира и расположението на битолчани е некако чудно, променливо и тажно. Заради тоа наместо за плажа и одмор разговорите се најчесто за климатските промени кои секако не не не одминуваат ни нас.

Но, во ваквите неочекувани тмурни денови, сите збиени по дома, барајќи потопла гардероба и по некое подзаборавено ќебе, како да се зближуваме уште повеќе давајќи си надеж дека допрва летото ни доаѓа со врело сонце.

Ж.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »