Press "Enter" to skip to content

Уште две “крила“ во РК Пелистер, Стоилевски и Лековиќ

Ракометниот клуб Пелистер оваа седмица претставува секојдневно засилувања, а последното кое го промовира спортскиот директор, Златко Димитровски е десното крило Никола Стоилевски. Стоилевски доаѓа од екипата на Бутел од Скопје има 19 години и беше најдобриот стрелец кај нив, а иако имаше отворена понуда да остане сепак го одбра Пелистер.

Покрај Стоилевски, претходно нов член на екипата на Пелистер стана и црногорецот Огнен Лековиќ, кој ќе биде на позицијата десно крило, каде конкуренцијата ќе биде силна, а доаѓа од екипата на Патризан од Тиват. Лековиќ има 22 години и одлични физички предиспозиции (190 см/75 кг), кариерата ја започна во својата родна Пљевља, во тимот на Рудар, во Вардар 2 потоа во Партизан, а играл за сите младински селекции на Црна Гора.

More from СпортMore posts in Спорт »