Press "Enter" to skip to content

Левиот бек Владимир Зејак – осмо засилување за РК Пелистер

Владимир Зејак е нов лев бек на РК Пелистер, со кој веќе се завршени административните формалности, и тој е осмото по ред засилување за битолскиот суперлигаш.

Новиот лев бек, Зејак, доаѓа од РК Црвена Звезда од Белград, Србија и може да пофали и со интернационално искуство, а настапувал во исландскиот Акурејри, норвешкиот Стридхајм, израелските Хапоел Тел Авив и Бнеи Херцлија, како и во шпанската Куенка и турскиот Бејкоз Беледије, а има и настапи за кадетската репрезентација на Србија. Негов матичен клуб е Црвенка.

Владимир Зејак има 32 години, што значи големо искуство на теренот и ќе биде големо засилување на екипата на Томче Петрски, има одлични физички предиспозиции, висок е 198 сантиметри, а тежок 105 килограми, а заедно со иранскиот репрезентативец Мошен Карабиан ќе бида тешка препрека за противниците.

Пелистер оретходно ги продолжи договорите со капитенот Васко Димитровски, Ревас Чантурија, Кире Митревски, Никола Ивановски и Костадин Петров.

Потпишаа довогори и голманот Харис Плех, бековите Марко Кобетиќ и Борјан Маџовски, кружниот напаѓач Мошен Карамиан и крилата Огњен Лековиќ, Милан Поповиќ и Никола Стоилевски.

More from СпортMore posts in Спорт »