Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник ги договори Чурлевски и Куковски и тинејџерот Блажевски

Менџерскиот тим на Еурофарм Раборник продолжува со конституирање на тимот за наредната сезона, а во таа насока се продолжени и договорите со двајца ракометари од тимот и е потпишан нов со тинејџер од нивната школа.

Битолчанецот Филип Чурлевски, кој игра на позицијата среден бек, потпиша нов двегодишен договот, во кој се обврза дека го носи дресот на Еурофарм Работник, а на само една година договор потпиша и одбранбениот ракометар, стружанецот, Милорад Кукоски, со што Еурофарм Работник полека го завршува екипирањето на тимот.

Покрај нови договори за “старите“ ракометари Еурофарм Работник почна да потпишува и договори и со ракометари од нивната ракометна школа, а во клубот од каде потекнува продолжува и младиот и талентиран десен бек, Димитриј Блажевски, кој во наредните четири години ќе мора да ги брани клубските бои.

Еурофарм Работник ги обнови договорите со Елмир Граџан, Михаил Петровски, Дејан Пецаковски, Горан Кузманоски и Филип Ивановски, а како нови имиња ги доведе Милан Ѓукиќ, Благојче Трајкоски и Никола Маркоски.