На спортските терени во основното училиште “Даме Груев“ в сабота ќе се одржи по 4. пат меморијалниот фудбалски турнир во мал фудбал “Јове Димовски – Начко“, со почеток во 17 часот.
Доделувањето на наградите на најдобите екипи и поединци и затворањето на турнирот во мал фудбал ќе се изврши истиот ден во градската кафеана на хотел “Епинал“ со почекот во 21 часот.
Организаторите на овој меморијален турнир ќе организирааат и крводарителска акција која во просториите на ОУ “Даме Груев“ од 12 до 16 часот.
Како и изминатите години така и овој пат на турнирот се очекува да се појават голем број на фудбалери и пријатели на Јове Димовски – Начко.