Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска од ски-клубот Пелистер на летни подготовки на снег на француските алпи (фото)

Специјално за Bitolanews од Тињ, Франција

Само Ева Милевска од скијачкиот клуб Пелистер се неоѓа на летни подготовки на снег, кој се изведуваат на француските алпи.

-Имавме резервации за четири скијачи од Пелистер, но во последен момент се откажаа три и сега само Ева Милевски се наоѓа во градот Тињ, на француските алпи, гласи првиот извештај за Bitolanews од Тињ.
Ева Милевска по трет пат ги стартува подготовките за наредната сезона од ова место, каде е под надзор на битолчанецот Александар Стојановски.

-Тренинзите, како и во изминатите години се под будното око на нашиот сограѓанин, кој е меѓународно лиценцираниот тренер, Александар Стојановски, кој битолчани го препознаваат како Швеѓата. Ова е веќе трета скијачка сезона како ски-клубот Пелистер ја започнува својата зацртана програма за престојната сезона од Тињ, Франција, односно од глечерот Гранде Моте, кој е на 3.500 метри надморска висина, велат од ски-клубот Пелистер, а за условите за работа додаваат:

-За терените нема што да кажеме или да додадеме. Тие се одлично подготвени, а совршеното време за работа, допринесе за одржување на двенеделни подготовки како вовед за престојната сезона.

-Покрај работа на снег, односно скијањето на глечерот Гранде Монде, спортскиот центарот кој е во подножјето на глечерот, во градот Тињ, обозможува и многубројни активности. Со тие тренизни кои ги изведуваме на терените и спорските објекти го комплетираме планот за работа, а тие се однесуваат на кондициони вежби и баланс техники, ни рече во јавувањето од Тињ, тренерот Александар Стојановски – Швеѓата, битолчанец кој 20 години живее и работи во Тињ, Франција, кој додава дека Ева ќе биде на овие подготовки до петок.

Инаку, Тињ е голем спорски центар каде покрај ски-патеките има и 160 километри патеки за возење на велосипед, а сите услуги на жичарницата и јавниот превоз се бесплатни. Спортскиот центар располага со 3.500 квадратни метри со уредени терени за 30 спортски активности, каде спортуваат и рекреираат спортисти и рекреативци од најмала возраст до највозрасни лица.

Инаки, ски патеките на глечерот се на околу 3.500 метри, а самиот ски центар е на 2.100 метри.
За оние млади скијачи кои ги пропуштија овие први подготовки Управата на ски-клубот Пелистер, веќе се резервира и вторите, а тие ќе се одржа на глечер и ќе започнат на 28 септември.