Press "Enter" to skip to content

ЖРК Пелистер со четири засилувања, a на жребката во Челинџ купот ќе биде носител

По освојувањето на третото место во домашното првенство екипата на женскиот ракометен клуб Пелистер се стекна со право на учество во Челинџ купот, а ЕФХ за жребката го стави клубот во првиот шешир, каде се носителите во ова европско натпреварување.

Екипата на ЖРК Пелистер со нетрпение ја очекува жребката која ќе се одржи на 17 јули во 11 часот во седиштето на ЕХФ во Виена.

Додека се очекува противникот за Челинџ купот управата на Пелистер не стои со скрстени раце и работи на тоа тимот да биде поквалитет и поконкурентен, како во домашното првенство, така и во ЕФХ натпреварите.

Најново засилување во ЖРК Пелистер е десното крило на Металург, Васка Глигоријадис, а пред неа во клубит беа доведени и три ракометарки од Вардар Јуниор, левото крило Анастасија Николовска (19), левиот бек Ива Божиноска (19) како и голманката Слободанка Кицеска (19). Сите ракометарки кои доаѓаат во Битола се македонски репрезентативки.

Исто така договорено е во Пелистер да останат Сандра Дурланова, Маја Каранфиловска, Моника Талевска и Сања Дабевска, а единствено си замина Габриела Величковска, која кариерата ќе ја продолжи во Франција.

More from СпортMore posts in Спорт »