Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер -Волеј трета година по ред се на летен камп во Неа Пори (фотогалерија)

Специјално за Bitolanews од Неа Пори, Грција

Одбојкарките на Пелистер Волеј дел од летните подготовки за наредната сезона имаа во кампот во Неа Пори, Грција, кое според сите нив, одбојкарките и стручниот штаб е извонредно, совршено место со огромна плажа и терени за тренинг на песок, игра, но и за дружење, натпреварување, пливање, вечерни седенки, забава.

Тренерот Роберт Митковски за овие подготовки, трети по ред за најголем дел од одбојкарките, вели:

-Забавата е основната цел на овие дружења, затоа што спортот е измислен пред сè за забава. Тука децата треба и мора да се среќни, а тоа е основна задача за нас како тренери, но и уште поголема обврска. Но, покрај забавата можам да кажам дека одработивме доста квалитетни подготовки, кои многу ќе ни значат во наредниот период кога не очекуваат многу напори. А, тука мора да се спомене “тим билдингот“ кој многу ќе им значи на сите одбојкарки.

На прашањето зошто се одлучиле тоа дел од подготовките за наредната сезона да го поминат на камп на море, Митковски додава:

-Зошто камп? Затоа што ја развиваме колективната свест, а со тоа ја јакниме самостојноста на децата. Ги учиме да се прилагодат во една целина и покрај генерациските разлики. Го почитуваме времето и должностите, а деновите се исполнети со строга прецизност и во секој дел од денот се знае што точно следи. Оброците се прилагодени за спортисти и интересен е фактот што токму на кампот децата некогаш за прв пат јадат она што дома не ни помислувале, а родителите се помирени со тој факт.

Целата енергија на сите од Пелистер Волеј кој ги беа на подтоговки во Неа Пори била строго концентрирана и насочена кон агендата, но со исклучителна релаксираност, чувство на слобода и самосталност кои ги развиваат во групи, а на крај и во една голема целина, а за агендата Митковски вели:

-Денот тука започнува во 06:30, а завршува во 23:00 и е целосно исполнет, а скоро и да нема “празен од“. Се е подредено за сите одбојкарки да бидат вклучени во тренажниот процес, игрите за релаксација, одморот… Ако некогаш сите ние сме помислиле дали воопшто ова е потребно, само прашајте ги оние кои минале низ еден вака организиран камп, односно нашите одбојкарки. А, некои навики кои се стекнуваат во овие денови на камп се надевам дека ќе останат во дневните рутински работи кои тие ќе ги извршуваат дома, а за сеќавањата да не зборувам, квалитетно поминато време за сите нас.

А во прилог на тоа што го говори тренерот Роберт Митковски е и тврдењето на некои родители на одбојкарките кои велат дека по враќањето дома децата се непрепознатливи, секако во позитивна смисла, а Митковски задоволно додава:

-Забавата, дружењето, тренингот, организираноста, дисциплината, посветеноста, почитувањето на хиерархијата и на другиот до себе се сигурен пат до успех, а на кампот во Неа Пори тоа беше секојднебие, и затоа несомнено сите се среќни.
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”157″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]