Press "Enter" to skip to content

КК Младост и оваа година традиционално на турнир во Задар (фотогалерија)

Младите кошаркари на кошаркарскиот клуб Младост и оваа година настапија на межународниот кошаркарски турнир во Задар. За годинашниот настап тренерот Горјан Стојановски вели:

-Како и секоја година така и оваа ја прифативме поканата на организаторот и во Задар игравме со четири категории и тоа: момчиња родени 2003, девојчиња родени 2003, момчиња/девојчиња родени 2005 и момчиња/девојчиња родени 2006 година. Имавме одлични резултати и од таму се вративме со две втори места, едно трето и едно четврто.
Прескокнувајќи да ги коментира пласманите Стојановски додава:

-На оваа возраст и на вакви турнирски натпреварувања има ривалство и се бројат кошевите, бодовите, пласманот, но сакам да подвлечам дека сето тоа е во втор план. Во прв план е дружењето, новиот начин на дневните обврски сосема различни од домашните, во што сосема сите заедно успеавме, а потврда на тоа се насмеаните лица на децата и на родителите.

По турнирот во Задар комплетната кошаркарска експедиција на Младост продолжи за Италија во градот Подензано. Таму сите категории одиграа по еден натпревар, вкупно четири, а на два победија и на два беа поразени.

More from СпортMore posts in Спорт »