Press "Enter" to skip to content

Прв “оpen аir“ концерт на Масимо Савиќ во Хераклеа (фотогалерија)

Амбиентот на античкиот театар во Хералкеа беше совршен за “open air“ концертот на Масимо Савиќ кој се одржа вечерва пред неколку илјадна публика.

Неговиот длабок глас и звуците на „Странац у ночи“, „Сјај у тами“ ја направија летната вечер магична за битолската публика која дојде на концертот.

Потоа се редеа и другите негови познати хитови кои публиката ги пееше со него „Додирни ме случајно“, „Из једног погледа“, „Загрли ме“…

Тој се смета за еден од најдобрите и најквалитетни вокали на балканските простори.

Масимо доаѓа за прв пат во Битола на “open air“ концерт во рамките на својата летна балканска турнеја во која го промовира својот најнов студиски албум насловен „Сада“.

Елегантен, достоинствен со квалитетен вокал тој ги воодучеви битолчани кои го враќаа неколку пати на сцената, која тој како господин ја испочитува.

-Ме предупредија да внимавам во Битола, бидејќи тука има публика која знае што е кавлитетна музика, па затоа се подготвив посебно за вас, им рече Масимо на публиката.

Ж.Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »