Press "Enter" to skip to content

Младинците на Пелистер собираа искуство на меѓународен турнир во Атина, Грција

Младинската екипа на ракометниот клуб Пелистер од 2 до 7 јули учествуваше на голем меѓународен турнир под наслов “Данаон куп 2018“ во Грција, на полуостровот Пелопонез.

За овој голем меѓународен младински ракометен турнир еден од двајцата тренери Михајло Сиљанов, кој заедно со Александар Зарков ја водеше екипата во Грција, по враќањето во Битола за самиот турнир вели:

-По добиената покана и целокупната програма на турнирот од страна на организаторите, градот Аргос и истоимениот ракометен клуб изработивме изработивме конктретен план за учеството на овој масовен светски ракометен турнир. Турнирот во Грција е исклучителен и по организација и по квантитет и по квалитет, за деца родени 1998 година и помлади, каде што и самата покана за учество претставува висока референца за високо стручна работа со деца – млади ракометари низ целиот свет. Турнирот е традиционален и во постојан календар на програмата на ИХФ – Светската ракометна федерација и ЕХФ – Европската ракометна федерација. Самиот факт за присуството на натпреварите и директното обраќање кон младите ракометари на претседателот на ИХФ Хасан Мустафа и неговиот тим е исклучителен момент и податок во уште поголемата “тежина“ на турнирот.

За овој турнир тренерите поведоа во Грција 17 млади ракометари од младинската екипа на Пелистер, во малото гратче Нафлио на Пелопонез, на самиот брег на Егејското море.

-Во нашата група покрај младинската екипа на Пелистер беа и со актуелните младинските репрезентации на Грција и Црна Гора, екипата на домаќинот Аргос и Олимпијакос од Атина. Треба да се напомене дека сите екипи во нашата група со кои игравме се составени од деца родени 1998 – 2000 година, за разлика од нашата екипа која играше со деца родени 2001 – 2004 година, што за нас беше голем хедикеп, а сите одиграни натпревари Пелистер ги загуби, а единствено со нерешен резултат заврши натпреварот со домаќинот Аргос“, вели тренерот Алекандар Зарков.

Иако резултатите не се во корист, тренерите велат дека овој турнир бил едно големо меѓународно искуство за младите ракометари кои го стекнале на теренот со своите повозрасни и поискусни противници. Но, турнирот ќе го паметат и по одлична организација, сместување, услови за натпревар, фер-плеј судење и фер плеј принципиелен однос од сите учесници, како и одличната атмосфера надвор од терените, максимално коректен, пријателски и професионален однос, постојано дружење, комуникација, висока форма на пренесени и прифатени искуства од сите учесници.

Целиот турнир, додаваат тренерите Силјанов и Зарков, поминал во најдобар ред на спортски план, а дисциплината која ја покаже младите ракометари за време на патувањето, ракометните натпревари и во слободно време за време на престојот во Грција, може да биде пример за сите млади спортисти, не само од ракометниот клуб Пелистер, туку и за сите нивни врсници-спортисти од останатите клубови од градот.

С. Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »