Press "Enter" to skip to content

Центарфорот Благојче Главевски се врати во Пелистер

Искусниот битолски голгетер Благојче Главевски се врати под Тумбекафе и веќе денес ќе биде на стадионот во Кравари каде фудбалерите ја одработуваат првата фаза од подготовките.

Благојче Главевски ќе го предводи нападот на Пелистер оваа сезона во Втората лига и со негите голови “пелистерци“ ќе се обидат експресно да се вратат во Првата фудбалска лига.

Инаку, Благојче Главевски е дете на Пелистер, а настапувал и во Шведска, а во Битола се враќа од екипата на второлигашот од Струга.

Раководството на клубот не ги открива останатите имиња кои треба да се приклучат на Пелистер пред стартот на новата фудбалска сезона, а се разговара со неколкумина.

More from СпортMore posts in Спорт »