Press "Enter" to skip to content

Специјалистичката ординација по ортодонција “ТАНАТАРЕЦ“ започна со работа (фотогалерија)

Во сабота на 21.07.18 на ул. “Едвард Кардељ“ бр. 2 (спроти ветеринарно) во Битола се отвори специјалистичка ординација по ортодонција “ТАНАТАРЕЦ“, која ќе функционира како центар за современа ортодонција и лицева естетика и ќе нуди најширок асортиман на ортодонтски услуги за исправување на забите, коригирање на односот на вилиците и неправилните орални функции.

Покрај стандардните типови на протези ексклузивно во ординација “ТАНАТАРЕЦ“ е возможно исправување на забите со најестетски, современи и брзи решенија од типот:

1. сафирни протези за исправување на забите за само 6-9 месеци,
2. невидливи протези (внатрешни од лингвалната – задната страна на забите) и
3. прозирни исправувачи за кои не се потребни брикети и жици во устата – холивудско исправување на забите со дигитално дизајнирање на насмевка, ортодонција за сите возрасти.

Препорака да ја посетите специјалистичката ординација по ортодонција “ТАНАТАРЕЦ“.

More from БитолаMore posts in Битола »