Неочекувано кога се во прашање ракометарите на Пелистер, денес поради топлото време, на градскиот срадиот под Тумбефе ги започнаа подготовките под водство на тренерот Томче Петрески, а на првата “прозивка“ се јавија засилувањата кои ова лето ги има девет во пресрет на новата сезона.

На првиот тренинг недостасуваа двајца ракометари, Карамиан од Иран и Ради од Тунис.

-Ни недостигаат уште двајца играчи, иранецот Карамиан има проблеми со визата и средниот бек Ради од Тунис, а за брзо ќе ги имам во тимот. Инсистирав да почнам комплетен, жал ми е што не е така. Имаше играчи кои сами си заминаа, а имаше играчи што моравме да ги ослободиме, со цел да создадеме подобар Пелистер. Задоволен сум од ангажираните играчи. Се надевам со подобра игра, добра работа и позитивна атмосфера, а се ова треба да значи посилен Пелистер од претходните години, вели Петрески
За планот за подгототовки Петрески вели:

-Ќе се тренира во Битола, ќе искористиме и неколку викенди за тим-билдинг на Пелистер во хотел “Молика“ период кој ќе го искористиме за дружба и запознавање. Закажавме натпревари со косовскиот Пеќ и Радовиш во Битола, потоа со грчка екипа, а тука турнирот кон крајот не месецот, вели Петрески, кој за новиот Пелистер додава:

-Немавме некоја база на играчи и не е едноставно да се состави и да се комплетира екипа за кратко време. Исконтактирани беа многу играчи, а имаше такви кои не сакаа да чујат за Пелистер. Можам да кажам дека сум задоволен од ростерот. Не би рекол дека сме млада екипа, имаме и искусни играчи.






