Тренерот на женскиот ракометен клуб Пелистер, Викторија Блажевска деновиве се наоѓа на силен интернационален ракометен тренерски семинар во Данска во организација на тренерската асоцијаци на Данска на кој се наоѓаат тренери од Полска, Португалија, Холандија, Италија, Англија и Белгија.
Предавачи на овој семинар се врвните дански тренерски имиња кои постигнале големи резултати со селекциите и клубовите од Данска и “извадиле“ многу ракометни имиња, како Улрик Вилбек, Питер Ларсен, Алан Хеине, Николеј Крикау…
Да се биде дел од овој камп во кој учествуваат само 10 тренери од Европа е голем успех за нашата сограѓанка Викторија Блажевска.






