Завршниот концерт на овогодинашните “Илинденски денови“ за затворањето на Фестивалот го одржа доајенот на македонската народна музика, нашата сограѓанка, битолчанката Виолета Томовска.
Томовска во придружба на одличниот оркестар составен од врвни музичари “Фонтана“ пред битолчани ги испеа антологиските народни песни и дел од песните напишани од исто така големиот Јонче Христовски, за што измами голем број на аплаузи од присутните.
Виолета испеа и дует со својот брат, а како нејзин гостин беше и Сефедин Барјамов.
Убавиот концерт спроти големиот празник Илинден ќе се обидеме преку фотографии да ви го доловиме.
Фото: Сашо Ристевски