Press "Enter" to skip to content

Концерт на кларинети и пијано на Марјан, Игор и Верица (фотогалерија)

Синоќа во салата за концерти на Заводот и музеј од Битола се одржа успешен концерт на кларинети и пијано во изведба на Марјан Бакревски – кларинет, Игор Бакревски – кларинет и Верица Дивитарова – пијано.

Овие квалитетни музичари успеаја да го задржат вниманието на публиката која ја имаше во голем број, за на крај таа да ги награди со голем аплауз и да ги врати назад на сцената.

На програмата на триото, која ја отсвирија беа ниту една грешка се најдоа:
1. Ф. Менделсоноп. 113 – Концертнапиеса бр. 1, Allegro con fuoco, Andante и Presto
2. Ф. Менделсоноп. 114 – Концертнапиеса бр. 2, Presto, Andante и Allegretto grazioso
3. А. Понкиели – Сostanok (Il Convegno), Allegro, Andante и Allegretto scherzo
4. Б. Милошевич (ар. Анте Гргин) – Хамеум Свита

Инаку, Верица Дивитарова е родена во Битола, каде го завршува нижото и средното музичко училиште. Во 2010 дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Тодор Светиев, додека во 2014 магистрира во класата на Проф. Д-р Марија Ѓошевска. Во 2016 ги завршува студиите на Guildhall School of Music&Drama во Лондон на програмата Guildhall Artist Masters во класата на професорите Филип Џенкинс и Нели Бен-Ор, како стипендист на The Leverhulme Trust и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Досега има одржано неколку самостојни рецитали како и настапи на концерти во склоп на Средното музичко училиште – Битола, настапи во склоп на концертите “Musica Viva“ и како дел од симфонискиот оркестар – и двете во рамките на Факултетот за музичка уметност во Скопје и солистички и камерни рецитали со македонски и странски уметници на фестивалите Бит Фест и Скопско Лето, како и надвор од Македонија. Посетувала семинари и мастер-класи кај следните пијанисти: Андреј Диев – Русија, Антон Диков – Бугарија, Ивана Шварц Гренда – Хрватска, Рита Кинка – Србија, Јури Кот – Украина, Нели Бен – Ор – Англија.
Моментално работи како корепетитор и професор по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

Марјан Бакревски е роден во Битола каде што заврши основно и средно музичко образование во класата кларинет на проф. Панде Татарчевски. Високото образование го продолжи во Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, Бостонскиот Конзерваториум во Бостон, САД а потоа и на магистерски студии во Моцартеум во Салзбур, Австрија. Покрај повеќето освоени први награди на државни и меѓународни натпревари, како кларинетист има настапувано со New England Philharmonic, Charles River Wind Ensemble, k.u.kRegimentskapelle IR4, KagranBlasmusik, DorfmusikStrebesdorf. Марјан има настапувано на повеќе солистички и камерни концерти низ Македонија, Србија, Бугарија, Америка, Австрија, Италија и Германија, но и како солист со оркестарот Скопски Солисти, оркестарот на Факултетот за Музчка Уметност – Скопје и Македонска Филхармонија. Марјан Бакревски работи во Средно Музичко Училиште – Битола и е диригент на Битолскиот Дувачки Оркестар.

Игор Бакревски од 2008 работи во Македонска Опера и Балет година како втор кларинетист. Во своето професионално искуство има шест години работа во Македонската Опера и балет како втор кларинетист, хонорарна соработка со Македонската Филхармонија како прв кларинетист и како Ес кларинетист, хонорарна соработка со оркестарот за филмска музика при Македонската телевизија како прв кларинетист, неколкугодишна хонорарна соработка со Скопскиот градски дувачки оркестар, настап со факултетскиот оркестар на Бостонскиот Консерваториум во универзитетот Харвард во Бостон (САД), настапи со факултетскиот оркестар на Факултетот за музичка уметност во Скопје, неколку настапи во Словенија и Италија со младинскиот Европски оркестар “YMISO”, три соло настапи со Македонската филхармонија, соло настап со Македонската Опера и Балет, соло настап со оркестарот за филмска музика при Македонската телевизија, соло настап со оркестарот на Факултетот за музичка уметност во Скопје, член е на камерните состави: “Consonance” и “Soniris”.
Позначајни концерти за камерна музика: во Скопје, Битола, Крушево, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Дојран, Приштина, Никшич, Њујорк, а има освоено и голем број на награди.

More from КултураMore posts in Култура »