Press "Enter" to skip to content

Најмладиот македонски меѓународен судија, Даниело Божиновски, ќе суди на ЕХФ шампионат во Австрија

Најмладите судии во Македонија, Даниело Божиновски и Виктор Начевски, со знакот на ЕХФ своети деби на меѓунардоната сцена ќе го има викендов во Австрија, каде ќе ја делат судиската правда на ЕХФ-шампионатот до 18 години, кој од 10 до 19 август ќе се одржи во Австрија.

Во Австрија, во градот Тулн, во рамките на ЕХФ Шампионатот настапуваат репрезентациите на Чешка, Турција, Црна Гора, Украина, В. Британија и Ирска (група А) Словачка, Австрија, Холандија, Летонија, Косово и Бугарија (група Б).

-Утревечер патуваме за Австрија, каде сме делегирани да судиме на ЕХФ шампионатот машки до 18 години, што за мене и секако и за мојот судиски партнер е голема чест. Се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата која ни е укажана, а на ова, за нас прво меѓународно судиско искуство по добивањето на ЕХФ сертификатот, ќе се прикажеме во одлично издание. Секако дека и довербата која ни е дадена од страна претседателот на судиската комисија на ЕХФ, Драган Начевски ќе ја оправдаме, а се надеваме дека ќе ја делиме судиската правда и на завршните натпревари.

На овој шампионат покрај македонската судиска двојка ќе биде дел од групата на шест судиски двојки кои ќе судат на ова натпреварување, а покрај нив ќе има судии од Шпанија, Литванија, Полска, Швајцарија и Косово.

Деновиве и битолската ракометна судиска двојка Митревски-Тодоровски судеше на шампионатот во младинска конкуренција.

More from СпортMore posts in Спорт »