Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Еурофарм Работник на висински подготовки во Маврово

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник од вчера се наоѓа во новата база, Маврово на висински подготовки и попладнето го одработи првиот тренинг под водство на Ѓорѓе Чирковиќ.

По неколку дена работа во Битола, сега српскиот тренер го има целиот ростер, со исклучок на повредените Трајковски и Крстевски, за да го подготви струшкиот турнир, а потоа и почетокот на Суперлигата.

Еурофарм Работник не ги крие големите амбиции оваа сезона, а верува дека може да се квалификува и во групната фаза на ЕХФ Купот.

Во Маврово експедицијата на Еурофарм Работник ќе остане до средината на следната недела, стои во официјалната страна на клубот.