Press "Enter" to skip to content

Младинската одбојкарска репрезентација на подготовки во Битола

По одличната натпреварувачка сезона која измина и покажаните големи организациски способности на раководството на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, денови на адреса на клубот пристигна уште една потврда дека одбојкарките и управата постигнаа многу за кратко време.

Одбојкарската федерација на Македонија, како резултат на сработеното, го извести Пелистер Волеј, дека клубот ќе биде домаќин на подготовките на македонската репрезентација У19, кои ќе се одржат од 13 до 19 август за престојниот балкански шампионат кој ќе се одржи во Чачак, Србија.

Мора да се напомене дек тренер на оваа младинска селекција е нашиот сограѓанин, Роберт Митковски, кој е тренер на Пелистер Волеј.

Тренинзите ќе се одвиваат во салата на средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“.

Инаку, на овој балкански шампионат учество ќе земат 8 репрезентации поделени во две групи, а во “А“ групата покрај Македонија се Србија, Бугарија и Романија. Во групата “Б“ се Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.

More from СпортMore posts in Спорт »