Во Старата битолска чаршија, на платото пред Малиот битолски монмарт синоќа се одржа првата вечер од ново воспоставениот Фестивал на староградска музика и вино.

На првата вечер настапија битолските естрадни уметници Тони со Биоритам“ “Акорди бенд“, “Мелос бенд“, “Икс бенд“, Бојан Стојков, Борче Наумовски и Марија Груевска кои изведоа староградски песни, “Ако одам во Битола“, “Ратка“, песни од Ајри Демировски, новокомпонирани песни…

-Битола – градот со голема традиција и богато културно – историско наследство, со себе носи многу приказни кои се раскажувале некогаш, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик, така, како што времето ја креирало својата сегашност, на начин, на кој што се создавала историјата, велат организаторите, и додаваат:

-Старата битолска чаршија, било местото на еснафот на градот. Токму тука, на местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван дух се одлучивме да го одржиме за прв пат овој фестивал на староградска музика и вино.

Чаша добро вино и одлична староградска музика, македонски шлагери… беа приоритет за сите, пеачите, групите и секако за публиката, а сите заедно, барем за кратко го вратија духот на битолската чаршија, онака како и што планираа организаторите.

И вечерва на истата локација, пред Монмартрот, кај чешмата, во срцето на чаршијата, ќе настапат повеќе музички групи и самостојни изведувачи групите “Екстраваганза“,Деспина, Билјана Дамјановска-Јанчевска, Димитар Андоновски…

Настанот кој ќе го врати сјајот на битолската чаршија “Фестивалот на Староградска музика и вино“ е дел од програмата на “Бит Фест 2018“.

Со фестивалот на староградска музика и вино продолжи да живее духот на градското живеење (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





