Press "Enter" to skip to content

Мото-клубот “Конзули“ ја организира осмата мото-тура, стартот на “Магнолија (фотогалерија)

Близу 400 моторџии пристигнаа попладнево на плоштадот “Магнолија“ каде започна осмата по ред мото-тура која ја организира мото-клубот “Конзули“ од Битола.

Ромео Јовановски, од мото-клубот “Конзули“ за оваа, веќе традиционална мото-тура ни рече:

-Оваа мото-тура е осма по ред, која ние како клуб ја организираме и веќе е во календарите на сите мото-клубови од Македонија и на нашите пријатели од поранешните ЈУ републики и пошироко. Сега на плоштадот “Магнолија“ има пристигнато околи 300-400 моторции, но на местото каде ќе преноќиме, ќе ги има сигурно околу 500, колку што и планираме.

За тоа како е планирана мото-турата Јовановски додава:

-По собирањето на “Магнолија“, традиционално ќе има возење низ Битола, а се движиме по “Иван Милутиновиќ“ до Дулие, по “Прилепска“, пред “Епинал“, по “Партизанска“ и “Васко Карангелевски“ до зборното место, ноќниот клиб “Парадисо“ кај село Дихово. Таму ќе имаме забава, а сите гости ќе ги забавува групата “Гром“. Утре наутро имаме доручек и заминување.

На “Магнолија“ покрај Ромео и членовите на мото-клубот “Конзули“, ветераните на мото-турите, забележавме и нови битолски дечки со силни мотори кои учествуваат не само на оваа мото-тура во Битола, туку со своите “колеги“ се дружат и во собирите во други градови, а според атмосфетата сите добро се познаваат меѓу себе.

-Ме радува тоа дека секоја година имаме нови вљубеници на мото-турите. Ова да нагласам не е спорт, ова е еден начин на дружење на пријатели кои имаат иста страст, мотори и адреналин. Се надевам дека најголем број од овие нови дечки ќе се приклучат кон клубовите, ќе ги почитуваат непишаните правила, ќе се грижат за безбедноста и ќе уживаат возејќи ги своите миленици на две тркала, упати порака еден ветеран, кој им даваше напатствија на младите.

Оваа мото-тура привлече големо внимание кај битолчани, а како самите рекоа ова е единствен саем кој се одржува кај нас. А, на саемот имаше разни модели на моторцикли на две, три или четири тркала, крос-мотори, мали скутери, силни мотори од светските брендови…

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »