Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата “Битолски партизански легенди“ (фото)

Во “Магазата“ синоќа беше отворена изложбата на фотографии на битолските партизански легенди, која е во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борци, на која се прикажани повеќе од дваесетина портрети на битолски борци кои учествувале во Втората светска војна.

Изложбата за отворена ја прогласи заменик – градоначалничката Емилија Костуркса, која нагласи во обраќањето кон пристуните дека делото кое во имале битолските партизански херои не треба никогаш да се заборави.

За изложбата аборуваше, авторот, историчарот д-р Александар Литовски, кој се задржа на времето кога овие борци се бореле против фашизмот, а тоа го префрли и во современието, денес.

-Денес, на Битола и мртвите партизански слободољупци и се жители, оти иако загинале, сепак биле, останале и тука се. Ги нема, а сепка се овде со нас. Тие, од простум го сонувале и животот свој и иднината на својот град и својата татковина, Македонија. Тие така и умирале, простум, исправени на нозе. Такви биле Стив, Мите, Стево, Томаќи, Тошо Даскало… Со нив и стотици познати и непознати нивни сомисленици и сонаидејци, нагласи Литовски и додаде:

-На родените во слобода, за овие битолски великани, треба јасно да им се укаже дека токму тие комунисти и праведници кои гниеле по затворите на круносаниот двоглав орел и по логорите на исправениот лав што блуе оган, дека оние кои крвареле од фашистичките куршуми, дека тие луѓе кои свесно оделе во смрт со повик “Смрт на фашизмот – слобода на народот“, се луѓето кои ја заслужуваат нивната почит.

Литовски рече дека покрај битолските борци кои се фотографиите, на прво место, секако што заслужува е портретот на Јосип Броз Тито, врховен командант на партизанските одреди.

More from КултураMore posts in Култура »