Press "Enter" to skip to content

Кире Лазаров отвора ракометна школа во Битола!?

Дознаваме дека капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во Битола отвора ракометна школа-академија каде ќе бидат вклучени млади категории.

Таму ќе работаат деца од Битола, но ќе бидат вклучени и деца од општините Новаци и Могила, како и поголемите села во Битолско, каде има спортски сали или пристојни услови за одржување на тренинзи со млади категории.

Како дознаваме во школата на Кире Лазаров како тренери за младите категории ќе работат Борче Марковски и Кирил Атанасовски.

Зад Марковски има повеќе клубови во кои работел, а додека за поранешниот ракометар на Пелистер, Вардар… ова ќе биде прво ракометно искуство како тренер на млади категории.