Press "Enter" to skip to content

Првата контрола на ракометарите на Пелистер со висока победа

Пелистер – Беса 40:31 (19:14)

Ракометарите на Пелистер под водство на тренерот Томче Петревски ја започнаа последната фаза од подготовките за сезоната која е пред нив, одигрувањето на контролни натпревари.

Прв противник кој го пречекаа во Битола беше екипата на косовскиот клуб, Беса и го победија со висок резултат 40:31 полувреме 19-14.

Сите ракометари добија шанса од Петревски, а тие ја искоритија и сеите се обидуваат да му се наметнат за што поголема минутажа.

Зејак и Чантурија со по пет гола беа најефикасни во победничкиот табор, а Борјан Маџовски и Апостоловски постигнаа по четири гола.

Најголемиот тест пред почетокот на сезоната Пелистер ќе го има на меморијалниот турнир “Боро Чурлевски“ каде е домаќин.

More from СпортMore posts in Спорт »