Press "Enter" to skip to content

Осмиот “Незаборав“ за “Битолските конзули“ ќе остане незаборавен за публиката која ја наполни салата (фотогалерија)

Во организација на Панде Димитровски синоќа се одржа осмото издание на манифестацијата “Незаборав“, а беше посветена на битолската група “Битолски конзули“.

Овој пат за разлика од изминатите седум пати на сцената на големата сала на Центарот за култура во Битола се најдоа и музичари од групата кој пред триесетина години беше хит не само во Битола туку и пошироко.

Баге, Пауни, Мендерес, Панде, Зоран… заедно со членовите на групата “Калабалак“ надополнет со Бојан Стојков и октетот “Битола“ ја направија оваа вечер незаборавме за пубкликата, а некои само рекоа дека ова е силно како и првиот “Незаборав“ за Сашка Петковска.

Заедно со “Калабалак“, Бојан Стојков, Зоран Маневски, Кирил Стојчевски на сцената се појавија и Панде Талевски – Папец, Благоја Багевски – Баге и Илија Матевски – Бимбо кои не само да се потсетија на некои минати времиња, туку и отпеаја со жат како и кога се формираше групата.

Но, за жал публиката и изведувачите се потсетија и на тројцата членови од “Битолски конзули“ кои веќе не се меѓу нас, Панде Татарчевски – Татарче, Никола Вангелов – Бо и Драган Тановски – Бифо.

И публиката која во голем број била современици на оваа група пееше заедно со изведувачите хитови од тоа време, “Дојди на пенџер“, “Љубовна“, “Велјана“, “Еј Мари“,“Соколе“, “Конзулски бал“, а на крај сите изведувачи и организаторот ја испеаја “Добро утро Битола“ на Валентин Соклевски.

Инаку, музичката група која синоќа “беше тема“ на “Назаборав“ е формирана пред триесетина години, а во неа имаше врвни музичари кои имаа забележителни настапи секаде каде ќе се појавеа, фестивали, концерти, настапи по разни поводи, а според нивната евиденција имаат свирено и пеено на повеќе од 1.500 свадби.

На крајот на публиката им се обрати и организаторот на “Незаборав“, Панде Димитровски, кој рече дека тимот продолжува со овој проект и се надева дека барем една од неговите четири внуки ќе го продолжи “Незаборав“.

Меѓу публиката во која имаше голем број на видни битолчани беше и градоначалничката Наташа Петровска, а “Незаборав“ е дел од годинашниот “Бит Фест“.

Присутните покрај во убавите песни уживаше и во рециталите Силвана Петровска – Насух.

Седумте изминати изданија беа посветени на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ЗабаваMore posts in Забава »