Press "Enter" to skip to content

“Орфеј No. 8“ во “Расчекор“ Битола ги спои генерациите: Ретро вечер што ги врати спомените и создаде нови (фотогалерија)

-Ретро журката „Орфеј No. 8“ уште еднаш потврди дека музиката има моќ да ги избрише годините, да ги разбуди најубавите спомени и да создаде нови. Во ритамот на безвременските хитови, “Орфеј“ повторно оживеа – овојпат како место каде што се сретнаа минатото, сегашноста и идните генерации.      

„Ова не бепе само забава… ОВА беше  ДОЖИВУВАЊЕ!“Настанот одамна не е само за оние што некогаш излегувале во легендарниот „Орфеј“ дискотека од Битола . Денес тоа е вечер што ги спојува генерациите – оние што ги живееле златните години на диско-музиката и младите кои преку безвременските хитови ги откриваат приказните, спомените и младоста на своите родители. Особено внимание привлекоа многумина од некогашните препознатливи лица на Орфеј – луѓето кои во своето време беа симбол на добриот стил, шармот и ноќниот живот во Битола. И денес тие пленат со истата харизма, потсетувајќи дека вистинската привлечност не е прашање на години, туку на карактер, самодоверба и енергија. Вистинската харизма не старее – таа останува препознатлива и по децении.Марио Трифуновски сопственикот на ноќниот клуб „Расчекор“ кој е домаќин веќе неколку години на поранешните “орфејци“ и сегашните гости рече:-“Ретро журка No. 8“ не беше само забава. Не ја враќаме само музиката од едно време – ја враќаме културата на дружење и ја пренесуваме на новите генерации. Наша идејата е повторно да се оживее духот на доцните осумдесетти години, кога градот живееше за дрес-код забавите, впечатливите модни комбинации и диско-вечерите што се прераскажуваа со денови. Особено ме радува што ја урнавме предрасудата дека ретро журките се резервирани само за една генерација. На подиумот заедно танцуваа оние што ги живееле најубавите вечери во “Орфеј“ и младите кои денес ги откриваат тие песни. “Расчекор“ создаде простор каде што музиката ги поврза луѓето.За атмосферата се погрижија легендарните диџеи Николче Терзиевски, Ile The Hair и специјалниот гостин DJ Славе Келешовски, кој допатува од Соединетите Американски Држави.

-За еден диџеј нема поголемо задоволство од тоа да го види подиумот полн и луѓето, без разлика на годините, како пеат во еден глас. Оваа ретро журка уште еднаш покажа дека вистинските хитови не стареат. Песните што пред триесетина години беа химни на една генерација, денес со истата енергија ги прифаќаат и младите, рече DJ Николче Терзиевски.Слична порака испрати и DJ Ile The Hair. -Ретро журките не се само носталгија. Тие се потсетник на едно време кога повеќе се дружевме, повеќе разговаравме и музиката беше повод да се сретнеме. Вечерва токму тоа се случи во Расчекор – видовме дека музиката има моќ да ги избрише сите разлики и да нè обедини во една заедничка приказна. Добрата музика никогаш не старее. Таа само продолжува да ги поврзува луѓето. Тоа е магијата на ретро журките – не ги враќаме само песните, туку чувството на заедништво и создавањето нови спомени, изјави тој.Емоциите не ги криеше ниту DJ Crazy Kelesovski (Славе Келешовски), кој специјално допатува од САД.-За мене беше голема чест што добив покана да бидам дел од оваа ретро журка. Штом влегов во Расчекор почувствував дека ова не е обична забава, туку вечер исполнета со емоции и искрена љубов кон музиката. Атмосферата беше неверојатна. Ретко се гледа подиум исполнет со луѓе од различни генерации кои заедно ги пеат истите песни. Расчекор покажа дека знае како да создаде настан што долго ќе се памети, рече Келешовски.Токму таква беше ретро журката „Орфеј No. 8“, која уште еднаш покажа дека добрата музика нема рок на траење.-Ова не беше само забава… ОВА беше  ДОЖИВУВАЊЕ, уверени се организаторите.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »