Во салата на Заводот и Музеј синоќа се одржа концерт на нашата битолчанка по потекло, светски познатата рок пеачка на ладино музиката, Sarah Aroeste, Сара Ароесте од Израел-САД, како што самата рече, во мојата Битола и со моите битолчани.

На концертот кој се одржа во рамките на “Бит фест 2018“ со Сара настапи и нејзиниот познат пијанист од Израел, со кого редовно соработува, познатиот Shai Bachar, одржаа концерт на ладино и сефардска музика.

Покрај пијанистот на концертот на барање на Сара Ароесте настапи и битолчанецот Вевки Амедов, кој ја пратеше Сара во изведбата на песната “Кога си бев ерген“ која таа ја испеа на македонски јазик.

Во Битола овој пат со неа дојдоа и други членови на фамилијата Ароесте, како и многу нејзини пријатели и пријателки.

Кога Сара им раскажала минатата година, за нејзиниот престој во Битола, на своите роднини и пријатели, воодушевени од тоа што го слушнаа, побарале наредната година и самите да дојдат и да се уверат во убавините на Битола, пречекот од битолчани и Македонија во целост.

За одржување на концертот помогнаа и долгогодишниот пријател на Македонија, Joshua Bloom, израелскиот амбасадор во Македонија Dan Oryan, и Мима Герас Дочовска, една од главните промотори и реализатори на проектот “Еврејските гробишта во Битола”.

Сара доби и специјано за неа направен подарок, ракотворба, од Здружението за уметнички ракотворби од Битола.


Битолчанката по потекло, Сара Ароесте, со одличен концерт пред битолчани (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026





