Press "Enter" to skip to content

Марјан Алтипармаковски продолжува во албанскиот прволигаш Љачи

Од вчера битолскиот фудбалски интернационалец Марјан Алтипармаковски е нов член на албанскиот прволигаш Љачи, а во дресот на Љаќи ќе ги тресе противничките мрежи во оваа сезона.

Алтипармаковски откако одби неколку понуди, како вели од подалечни земји, се одлучи за поблиска варијанта, а за време додека договараше нов клуб тренираше со екипата на Пелистер.

Последен клуб во кој настапуваше Алтипармаковски беше босанскиот Сараево.