Press "Enter" to skip to content

РЕК “Битола“ со многу активности ќе го одбележи 28 август, Денот на рударите

АД “Електрани на Македонија“ ќе го одбележи Денот на рударите – 28 август со редица настани, од кои дел ќе бидат и во Подружницата РЕК “Битола и во Битола“.

Централната прослава на Денот на рударите ќе се одржи на 29 август, среда, со почеток во 12 часот, на платото пред управната зграда на ПЕ “Рудници“, кога ќе бидат доделени и Пофалници на вработени во АД “ЕЛЕМ“, Подружница РЕК “Битола“ за особен придонес во работењето на комбинатот во периодот од 28 август минатата година до денес.

Инаку, активностите за одбележување на Денбот на рударите ќе започна в понеделник, на 27 август, во просториите на АД “ЕЛЕМ“, Подружница РЕК “Битола“ ќе бидат потпишани Меморандуми за соработка со СОУ “Таки Даскало“ и СОУТ “Ѓорѓи Наумов“ од страна на директорите на училиштата и генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Драган Миновски, како и Меморандуми за соработка на АД “Електрани на Македонија“ со Техничкиот факултет Битола и Факултетот за информатички и комуникациски технологии. Истиот ден во Центарот за култура во Битола ќе биде отворена изложба на текстови и фотографии на “Битолски весник” за почетоците со работа на РЕК “Битола“, со акцент на Блок 3 кој започнал со работа на 28 август 1988 година, односно годинава се одбележуваат 30 години од почетокот на неговата работа.

На 30 август во просториите на Управната зграда на АД “ЕЛЕМ“, Подружница “РЕК Битола“, директорот Васко Ковачевски ќе потпише Меморандуми за соработка со општините Битола, Новаци и Могила. Превозот за новинарските екипи поаѓа во 10 часот, од Градскиот часовник во Битола.

Серијата настани по повод Денот на рударите, на АД ЕЛЕМ во Подружницата РЕК Битола и во Битола, ќе биде заокружена в петок, на 31 август, а во соработка со Одделението за трансфузиологија при Клиничката болница во Битола и ОО на Црвен крст Битола ќе биде реализирана крводарителска акција.

Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ќе донира парична помош за Здружението за телесни инвалиди “Мобилност“, во просториите на здружението во Центарот за социјална работа Битола.

Синдикалната организација при АД ЕЛЕМ ќе донира инхалатори во Детското одделение при Клиничката болница во Битола, а во ФОД ќе ја промовира донацијата во Спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »