Членот на Македонската боксерска репрезентација, боксерот Ален Рустемовски од Битола член на боксерскиот клуб Пелистерски јунак не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство. Тој загуби во полуфиналето од Украинецот Аидер Абдураимов по судиска одлука, 4:1 во корист на Украинецот.
Рустемовски и со самиот пласман во полуфиналето и освојувањето бронзен медал, и ова е за него најдобар резултат на Европските првенства, а овој медал ќе има и историја бидејќи е освоено за Макадонија по две децении. Тој неодамна освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто.
Рустемовски настапот на шампионатот го заврши со три победи во исто толку исклучително тешки борби, а на патот до медалот успеа да ги совлада и двајцата главни фаворити во својата категорија.
-Овој медал за мене вреди многу повеќе од бронза. Целиот мој живот се борев за овој момент. Освојувањето сениорски европски медал беше едно од моите најголеми соништа, заедно со желбата еден ден да освојам медал и на Светско првенство и на Олимписки игри, рече Рустемовски по завршувањето на полуфиналето.











