Press "Enter" to skip to content

Утре стартува женската фудбалска лига, Топ гол гостува во Струга

Викендот стартува првата фудбалска лига за жени која за разлика од минатата сезона каде на крајот од сезоната останаа 11 екипи оваа натпреварувачка сезона лигата брои рекордни 14 екипи. Нови екипи кои се приклучија во системот на натпреварување се женските екипи на Љуботен, Пљачковица и Прилеп.

Фурбалерките на Топ гол во првото коло му гостуваат на Ас Јунајтед во Струга, а натпреварот ќе се игра на фудбалскиот стадион на ФК Караорман во сабота.

-Одлична можност за супер и квалитетен натпревар помеѓу двете екипи. Подготовките ги одработивме според планот и програмата па ова е добра прилика за надигривање и докажување. Што се однесува до играчкиот кадар во оваа сезона настапуваме со истиот фонд на фудбалерки како и минатата сезона, но нов момент е тоа што од младинскиот погон приклучивме неколку фудбалерки со првиот тим. Имаме млад и преспективен тим и со континуирана работа ќе пробаме да бидеме во горниот дел од табелата, изјави Кире Грбевски шеф на стручниот штаб на Топ гол.

Следни двојки во ова прво коло се:
Прилеп – Тиверија,
Борец – Драгон2014,
Тетово 2017 – Љуботен,
Пљачковица – Каменица Саса,
Атлетико – СЦ Истатов
Кочани – Речица.

More from СпортMore posts in Спорт »