Екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола од денес започнаа со чистење на коритото на реката Драгор.
Чистењето започна од централното градско подрачје, односно на потегот од кружниот тек кај Црн Мост, до Општина Битола.
На терен се отстранува бујната вегетација, затекнатото ѓубре и наносите од земја и камења од поројните дождови. Во чистењето се користи и механизација – багери, камиони и трактори, а акцијата ќе се одвива во текот на наредните денови.






