Press "Enter" to skip to content

Крај на “Бит Фест“ со ди-џеи, полн Широк Сокак, многу светлосни, звучни и сценски ефекти (фотогалерија)

Со настапот на двајцата ди-џеи познати под името “BANG LA DEKS“ беше спуштена завесата на годинашниот летен културен фестивал “Бит Фест“, а нивниот настап се одржа во ракмите на “Широк Сокак во бело“, со што години наназад, се затвора битолското културното лето.

Настапот на двајцата ди-џеи настап предизвика многу внимание кај битолчани кои дојдоа во голем број и нивните гости од дијаспората и секако од другите градови од Регионот, како и од соседна Грција.

А, оние кои беа на Широк Сокак, имаа и зошто да бидат тука, бидејќи покрај одличната техно музика во која уживаа најповеќе помладите, имаа прилика да проследат и необично пиротехничко шоу, звучни, светлосни и сценски ефекти.

Потврда дека забавата на Широк Сокак беше одлична, е тоа што еден од двајцата ди-џеи во текот на целиот настап беше “live“ и преку социјалните мрежи емитуваше за атмосферата во Битола.

Пред да имаат свое шоу легендарните “BANG LA DEKS“ битолчани ги забавуваат ди-џеите Љубиша, Рикардо и Андреј Ѓошев.

Фото: Сашо Ристевски

More from ЗабаваMore posts in Забава »