Press "Enter" to skip to content

СОФАМ организира фото-изложба на народни инструменти од светот (фото)

Во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија (СОФАМ) Youth (Младинската секција на светската организација за фолклорни фестивали и фолклорна уметност), во “Магазата“ беше отворена фото-изложба на народни инструменти од светот.

Како специјален гостин на изложбата беше претседателот на CIOFF Youth, Каган Тифтик од Турција.За оваа изложба Тифтик рече дека посебно ми е мило што и Битола и битолчани ќе имаат прилика да ја видат, а на неа преку фотографии се претставени музички инструменти од 24 земји во светот, а организатор е СОФАМ која е член на светската организација. како дел од заложбата на ЦИОФФ за зачувување на светското културно наследство, каде се јавува и како единствена организација, партнер на УНЕСКО од таа област.

За идејата да се постави изложбата во Битола и за неговиот престој во Битола додаде:

-Сакам да му се заблагодарам на Никола Димитровски кој беше иницијатор за поставување на оваа изложба во Битола и се надевам дека нема тука да застанеме и дека ќе имаме и во иднина добра соработка. За Битола сакам да кажам дека се чувствувам прекрасно и дека Битола е убав град во живеат луѓе кои одлично ме прифатија.Претседателот на СОФАМ, Антонио Димитровски за изложбата рече:

-Членот на раководтвото на СОФАМ, Никола Димитровски направи голема работа со тоа што ја донесе изложбата во Битола, а посебно што тука е и Каган Тифтик од Турција. Турција е земја во која, можам да кажам, најповеќе настапуваат нашите фолклорни ансамбли од Македонија и неговото присуство во Битола и Македонија само ќе ја продлабочи соработката на овој план меѓу двете земји. Кога сме кај гостувањата ќе додадам дека КУД “Илинден“ во Турција беше оваа година и таму имавме одличен настап, а веќе е договорен настап и во турскиот дел на Кипар за идната година. Сакам да ги повикам битолчани да ја посетат изложбата и да се запознаат со одредени народни инструменти од земјите од светот.Изложбата е подготвена од страна на CIOFF за презентирање во голем број земји, а Битола и битолчани имаат ретка прилика да ја погледнат.Организаторите СОФАМ и домаќините во Битола, КУД “Илинден“, се погрижија и за културни забавната програма на која настапија ансанблот “Рудина“, а дел од членовите на “Илинден“ беа облечени во народни носии со што го презентираа, пред гостинот од Турција и гостите во “Магазата“ културното богатство на овој дел од Македонија.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »