Press "Enter" to skip to content

 Разговор Весна Божиловиќ, автор и продуцент на ТВ едукативната емисија “Виртуелен свет“

Заврши снимањето на едукативните емисии со интересен наслов “Виртуелен свет“ чиј  автор  и продуцент е Весна Божиловиќ. Носител на проектот е ТВ “Тера“, со поддршка од Фондацијата Отворено Општество Македонија. Едукативните емисиите кои се 8 по број ќе се емитуваат во втората половина од септември и ќе се емитуваат на ТВ “Тера“, “Алфа“ и други вкупно 12 регионални телевизии низ државата.Во проектот се вклучени и деца таленти од драмското студио “Art&Media“ кои на  интересн начин со скечеви ги носат гледачите до многу сериозни теми кои се јавуваат во денешно време на живот соживот со  модерната технологија – компјутери, лаптопи, мобилни телефони, интернет и социјални мрежи и голем дел од комуникацијата се случува во тој “Виртуелен свет“ кој го замени вистинскиот реалниот свет.

За сите прешења околу подготовките, снимањето и прикажувањето на емиситите од  едукативната програма на  “Виртуелен свет“ поразговаравме со авторот и продуцент Весна Божиловиќ.Кажете ни од каде потекна идејата за снимање на ТВ едукативни емисии со наслов “Виртуелен свет“?

-Идејата за снимање на ТВ едукативна програнма со 8 емисии доаѓа како еден логичен след на работи кои се случуваат кај денешните генерации на деца т.н. “сајбер генерации“, но и сите нас. Зафатени сме од виорот на ова брзо турбулентно време на живеење, време во кое повеќе даваме приоритет на виртуелниот отколку реалниот живот. Имено ако само пред 1-2 децении учевме за краснопис, ораторство, елоквентност, креативно пишување… Сега цела комуникацција е сведена на размена на оскудни емотикони, хиероглифи, боцкања и сл. Пишување на пораки наместо права комуникација “очи во очи“. Многу кратенки, странски зборови… И тоа ни е доволно! Голем дел од комуникацијата се случува во виртуелниот свет на Интернет и социјални мрежи. Но целиот тој Интернет сообраќај станува се помалку безбеден и носи нови современи проблеми и зависности. Тука се Интернет зависност со нов тип зависници, но и нов тип на насилници – Интернет предатори тука пред се сајбер насилниците, хакери, крадци, педофили….Емисиите по самиот карактер се едукативни и наменаети најпрво за  деца но тие се и за родителите, наставници… Кажете ни ја целта која сакате да ја поистигнете?

-Само со едукација на родителите и децата можеме да го подигнеме нивото на свесност за чување на нашата приватност, заштита, култура во однесувањето и избегнувањето на современото воајерство на социјалните мрежи. Тоа и ни беше целта да се развие свесност за сите проблеми кои се јавуваат во тој виртуелен свет, а кои се поттикнуваат низ емисиите на  проектот под име “Виртуелен свет“. Во емисиите гостуваат стручни лица од повеќе области- информатичар, програмер, психолог, наставници, професори… со кои разговараме,  анализираме, едуцираме за проблемите на Интернет зависност, сајбер насилство, сајбер криминал… Сето ова низ емисииите се реализира на интересен начин за да биде достапен за гледачите за кои е наменет а тоа се децата  и нивните родители. Двајца водители од кој едниот е познат you tuber од Битола Бобан Бошевски – “Ај-Би“, а другата половина е младата  актерка Соња Стојановска.  Тие  со интересни дијалози и најави ќе ги водат гледачите низ најчестите опасности и проблеми во виртуелниот свет. Доза на шарм даваат и децата таленти од драмското студио “Art&Media“ од Битола глумат во скечеви на конкретните теми.Емисиите кои ќе се прикажуваат од септември сигурно ќе ги заинтересираат гледачите и се надеваме на уште вакви едукативни проекти од “Art&Media“ драмско студио и авторот Весна Божиловиќ.

Жанета Ристевска