Press "Enter" to skip to content

Утре Еурофарм Работник против Партизан во Белград, потоа на турнир во Зеница

Ракометарите на ЕуроФарм Работник се наоѓаат во завршна фаза од подготовките за наредната сезона која ќе за почне на 15 септември, а подготовките ќе ги финишираат со контролни натпревари и учество на меѓународен турнир во Зеница, БиХ.

Битолските “фармацевти“ денес заминуваат за Белград, каде утре ќе имаа контрола  против екипата на Партизан.

Потоа петок заминуваат за Зеница, БиХ  каде в сабота започнува меморијалниот турнир “Заим Кобилиќ“. Таму ќе бидат екипите на  на Вогошча Хипс, Искра од Бугојно и Челик од Зеница. Екипата на Еурофарм Работник ќе одигра два натпревари, квалификации в сабота и според резултатот од саботата, за трето или за прво место в недела.

По учеството на Струшкиот турнир тренерот на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ ќе има три средби да ја воигра екипата и за работа на тактички план, по подготовките во Битола и Маврово и  четирите натпревари на турнирот во Струга.

More from СпортMore posts in Спорт »