Со одржување на голема крводарителска акција во просториите на Управната зграда на РЕК “Битола“ заврши серијата настани по повод Денот на рударите, на АД “ЕЛЕМ“ во Подружницата РЕК “Битола“.
Акцијата за доброволно дарување на крв беше во соработка со Одделението за трансфузиологија при Клиничката болница во Битола и ОО на Црвен крст Битола.
Како истакнаа организаторите на акцијата во РЕК “Битола“ се одржуваат секоја година по 8 крводарителски акции, а оваа по повод Денот на рударите или како ја нарекоа Недела на РЕК “Битола“ е вонредна и ќе биде 9. по ред за оваа година.
Бидејќи вработените во РЕК “Битола“ се едни од најредовните крводарители и се најбројни во акцијата која се уште е во тек се очекува да бидат собрани голем број на крвни единици.

Со крводарителска акција заврши неделата на РЕК “Битола“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Во Битола облачно и постуденот, температурата до 18 степени
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- ЈКП “Водовод“ Битола: рекомтрукција на водоводна мрежа на “105-та“ улица
- Во Градскиот парк традиционален есенски крос





