Press "Enter" to skip to content

Селка – Олимпијакос финале, Пелистер – Бутел за петто (фото)

На Меморијалниот турнир во Битола „Боро Чурлевски“ со одигрување на двете средби од третото коло во двете групи заврпија натпреварите и останува уште утрешниот ден кога се играат натпревари за пласман.

Во финалето утре се среќаваат екипите на Селка и Олимпијакос, кој ќе започне во 19,30 часот, а во 15:30 часот ќе има македонски дуел за пласман на петто место помеѓу домаѓинот екипата на Пелистер  и Бутел од Скопје.За трето место ќе играат екипте на  Кокс и Шербург Манш.

Инаку во последниот натпреват од групите Селка го победи тимот на Бутел со 38:34, полувреме 18:16. Екипата на Бутел, која ја предводи битолчанецот Игор Котевски издржа во првите 25 минути, а потоа без Печенковски кој имаше незгоден судар со глава со турски ракометар, не можеше да ја стигне предноста на турците која беше изразена со 5-6 гола разлика.Во првиот натпревар од денешните средби грчкиот шампион Олимпијакос триумфираше над францускиот второлигаш Шербург Манш со 26:25 и го освои првото место во групата “А“.Меморијалниот турир „Боро Чурлевски“, кој за првпат се одржува во Битола со учество на шест екипи поделени во две групи.

С.Р.