Press "Enter" to skip to content

Селка Ексишехир од Турција е првиот победник на турнирот “Боро Чурлевски“ (фотогалерија)

Екипата на турскиот  лигаш Селка Ексишехир е првиот победник на првиот меморијален ракометен турнир “Боро Чурлевски“ кој го организира ракометниот клуб Пелистер.Селка Ексишехир го победи во финалето грчкиот шампион Олимпијакос со 31-25, полуврме 11:12  за Олимпијакос.  Одличивачки период во натпреварот беше средината на вториот дел, кога ракометрите на Селка направија разлика од седум гола 21:14, Олимпијакос на -2 се доближи во 55 минута, но тоа не беше доволно за пресврт во финишот.На првиот турнир “Боро Чурлевски“, третото место го освои Кокс со победата на Шербур,  петтото место му припадна на домаќинот Пелистер кој во првиот натпревар денес го победи  Бутел – Скопје со резултат 32-27, полувреме  17-8.Левиот бек на Селка, Владислав Остроушко покажа многу на овој турнир и на крајот сосема заслужено успеа да ја добие и наградата за најдобриот ракометар.За најдобар стрелец на турнирот е играчот на Олимпијакос, Димитриос Цирас вкупно 21 гол. За најдобар голем е прогласен голманот на Шербур, Буша, а награда за сеќавање на овој турнир добија и делегатот и судиската двојка Митревски и Тодоровски од Битола.Турнирот “Боро Чурлевски“ се играше четири дена, а шесте екипи беа поделени во две групи. Сите натпревари се играа во спортската сала “Боро Чурлевски“.

С.Р.