Press "Enter" to skip to content

Пелистер во 92. минута освои бод за опстанок кај Работнички!

Работнички – Пелистер 3:3 (2:1)

Фудбалерите на Пелистер под Битола освоија голем бод на гостувањето во Скопје, на екипата на Работнички ремизираше со конечни 3:3, полувреме 2:1 во натпреварот од 30. коло во Првата македонска лига. 

Првото полувреме започна и продолжи со многу возбудувања и три гола. Работнички бргу поведе со 1:0 преку Сухељ Мухарем во 4. минута. “Пелистерци“ успеаја да израмнат во 9. минута, погоди Лука Булатовиќ за 1:1. Работнички потоа дојде до пенал, прецизен реализатор беше Бесир Демири за 2:1 и со тој резултат се отиде на одмор.

Стартот на вториот дел беше во знак на “романтичарите“, а со голот на Дитмир Хоџа во 55. минута резултатот беше 3:1. Петковски намали на 3:2 во 72. минута.  Во 86. минута ВАР-собата не досуди пенал за Пелистер по што следуваше офанзива и обид за израмнување. Во 92. минута Ивановски ги постави конечните 3:3.

Пелистер сега има 33 бода, додека Работнички стигна до 29 бодови на своето салдо, но останува на претпоследната позиција на табелата. Во следното коло Пелистер ќе го пречека Шкупи.

More from ВестиMore posts in Вести »