Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Папало и Митко, стари битолчани секогаш на трибините

Ако објективот на нашиот фото-апарат ги регистира на вториот ден од ракометниот турнир ракометните легенди кои оставија свој белег на паркетот, овој пат ги фотографиравме двајцата стари битолчани кои не пропуштаат натпревари како во салата така и на стадионот и имат оставено свој белег во животот на Битола.

Митко и Папало се стари битолчани, плус и комшии, Митко детсвото го поминал во куќата која е срушена кај хотел “Епинал“, а Папало неколку стотина метри подолу, кај Камен Мост. Митко како архитект работел на сите поважни објекти во Битола, го водел скијачкиот клуб… Папало бил дизајнер во “Јавор“, а повеќе од 25 години е сопственик на “Папал дизајн“.

Мошне е пријатно да се следи натпревар со нив, без разлика дали е на стадион или во спорстката сала,  бидејќи освен што се добри познавачи на спортот тие и раскажуваат и по некоја приказна како било порано, како вели Митко во стилот на Димче Миновски.

Но, поразот на ракометарите и фудбалерите во Битола, како вели Папало тешко ги поминале двајцата, а и додава дека фудбалерите и ракометарите да водат малку сметка и за нав, да не се нервираат по повозрасни денови.

More from ВестиMore posts in Вести »