На финалето во спортската сала во Битола, на меморијалниот ракометен турнир помеѓу екипите на Селка и Олимпијакос присуствуваа и го бодреа тимот на Олимпијакос тројца навивачи од Воден, Грција.
Иако беа само тројца тие им даваа поддршка на нивните миленици со скандирање на името на Олимпијакос и со пеење навивачки песни и кога нивниот тим губеше со седум гола разлика.
На крајот ракометарите на Олимпијакос ги испочитуваа, и со нив направија фотографија, а во центарот беше малиот транспарент кој тројцата го имаа пред себе за време на натпреварот.
Покажана верност кон клубот, но и награда за тој гест од страна на ракометарите на Олимпијакос.






