Press "Enter" to skip to content

Деветто засилување за РК Пелистер, Черубин од Габон – среден бек

На нешто повеќе од десетина дена до стартот на новата ракометна сезона екипата на битолскиот супер лигаш се засили со нов ракометер, деветти по ред ова лето,  репрезентативецот на Габон, Табанге Черубин, кој игра на позиција среден бек, а помага и на левата бековска позиција.

Репрезентативцецот на Габон, Табанге Черубин има 24 години, висок е 183 цм, а тежок 86 килограми и доаѓа од екипата на турскиот ракометен лигаш МИК. 

Со ова најново засилување екипата на Пелистер ќе добие посигрина бековска позиција, а Черубин ќе биде дополнително засилување за хрватот Кобетиќ.

До стартот на новата сезона можно е и уште едно засилување во редовите на Пелистер.

Првиот натпревар од Супер лигата Пелистер ќе го има против градскиот ривал, екипата на Еурофарм Работник.