Press "Enter" to skip to content

Отворено 9. графичко триенале, над 800 автори од 167 земји (фото)

Денес на пладне во Малата сала на Завод и музеј во Битола беше отворено 9. графичко триенале на кое со свои графики учествуваат над 800 автори од 167 земја ширум светот, што му дава за право да се нарече, една од ретките надежни манифестации кои се занимаваат со вистинска уметност наспроти се посуровиот, покорумпиран, обездушен ликовен свет. Графичкото триенале во Битола за отворено го прогласи директорот на Заводот и Музеј од Битола, д-р Мери Стојанова која нагласи дека графичкото триенале кое се подготвува 2,5 години е културниот настан е со светски предзнак и со изградено реноме и статус во рамки на светската графика и дека му е чест што тоа се одржува во оваа институција во Битола. 

Раководителот на Графичкото триенале кое е деветто по ред, Владо Ѓоревски на отворањето рече:-Графичкото триенале не е манифестација нити проект, затоа што овие два збора во последно време се многу искомпромитирани, графичкото триенале во Битола е нов концепт во светски размери, а годинава учествуваат автори од 167 држави со што се смета за еден од најголемите вакви настани во светот кој се занимава со откривање на анонимни, непознати автори на исклучителни дела и е надвор од финансиските, материјалистичките и естрадно амбициозните претензии.  За жал ова е време кога се се заборава, време на потполна рамнодушност, време кога духовното е тотално девалвирано и е нападнато од една бескрупулозна корумпирана материјалистичка состојба и која е голем непријател на творештвото, а затоа ова Триеналето го поставивме на нови основи бидејќи има значителни промени во амбиентот кој владееше пред 30 години и денес.

-На ова издание имаме учесници од неколку држави кои во моментов крварат како што на пример е Сирија од каде добивме дела на 10 автори и тоа многу потресни дела, а кои се многу важни за човечкото творештво, додаде со многу емоции Ѓоревски.Меѓународното графичко триенале кое се одржува под покровителство на Министерството за култура го отвори директорката на НУ Завод и Музеј-Битола, а заради недоволниот простор, изложбата ќе биде претставена во неколку етапи, започнувајќи со првата – која е посветена на македонското, италијанското и бугарско творештво.

More from КултураMore posts in Култура »