Press "Enter" to skip to content

Дарко Кулевски, виртуоз на хармоника со 16 години и со многу награди (фото)

Средното државно музичко училиште во Битола од секогаш било расадник на таленти кои започнувале во нижото музичко училиште, а кои професорите со многу внимание и работа од таленти ги претвориле во врвни музичари. Еден од талентите кои полека се бруси, во средното музичко училиште, е Дарко Кулевски, кој  свири хармоника, во втора година и кој може да се пофали со многу признанија и награди.-Сега се школувам во средното музичко училиште, како инструменталец на хармоника. По завршувањето на прва година како одличен ученик, деновиве, стартував во втора година, а хармоника ми предава професорот Владимир Андревски. За оваа година, планот ми е да се посветам многу повеќе на школувањето, да бидам повторно одличен ученик, а потоа да отидам на некое натпреварување во странство каде ќе се докажам со одличен резултат, вели Дарко Кулевски, кој за своите почетоци да свири на хармоника ни рече и:

-На три години го имав видено чичко ми Злате како свири дома на хармониката од татко ми, која беше едно мало црвено хармониче, кое го криеја од мене да не го искршам. Но, по неговото повторно доаѓање од Австралија кај нас, кога имав 5-6 години, тој започна да ме учи да свирам. Додека тој беше тука, околу три месеци, имав доста научено. Потоа на осум години се запишав на нижото музичко училиште и тогаш започна мојата вистинска љубов кон овој иструмент, вели Дарко Кулевски.

Талентот и работата на Дарко, на кој не му е тешко секој ден да патува од Долно Оризари до Битола, му донесоа и многу учества на концерти во Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, а и многу награди.Седум специјални награди со максимален број на бодорви 100, двесет први места, четири втори места се разултатите на Дарко од натпреварите, што секако е за почит и со право може да се пофали. Но, тој може да се пофали и со тоа што свири на посебен инструмент-хармоника, марка “settimio soprani” која во светот важи за една од најдобрите хармоники, а во Македонија можеби и да е единствена.

-Оваа многи вредна и скапа хармониката е подарок од мојот чичко Злате, кој живее во Сиднеј Австралија и кој ми ги покажа првите тајни на овој иснтрумент. Хармониката е многу вредна, а за мене и семејството е бесцената, таа е подарок и засекогаш ќе биде тука. Секаде каде ќе се појавам со неа предизвикувам големо внимание и ме прашуваат од каде е набавена, а потоа следува прашањето дали се продава, вели Дарко, кој грижливо го чува подарокот од чичко му, кој исто така е познат хармоникаш во Австралија, а со кој летово додека е во Македонија заедно знаат да засвират на нивните омилени инструменти.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »