Press "Enter" to skip to content

Сиднејско честување за Гоце Делчев (фото)

Во неделата на 4 фебруари ова 2024-то лето, се навршија токму 152 години, од раѓањето на идеологот, организаторот и предводникот на македонското национално- ослободително движење Гоце Делчев, кој преставува видна и маркантна фигура во поновата историја на Македонија.

По тој повод во просториите на културно образовниот центар “Илинден“ веднаш до црквата “Св. Петка“ беше организирано чествување по повод годишнината од раѓањето на даскалот Делчев. Монолог за ликот и делото на Делчев читаа: Даниела Недеска, Кристина Станческа и Кире Циревски. Прочитан беше и краток реферат од кој ви пренесуваме краток извадок.-Тој беше голем син на македонскиот народ, зашто со својот кураж и со својата храброст го будеше неговиот дух на слободата, ги продолжи со тој револуционерен усрем револуционерните традиции, борбата за национално и социјално ослободување. Токму затоа Гоцевото име стана легенда, синоним во борбата на македонскиот народ за слободна егзистенција и еманциоација. Таа необична привзаност на македонскиот народ со Гоцевата личност, со неговото големо дело, резултираше од тоа што Гоце стана прва ревулуционерна совест, смел борец за национални и социјални права.

Затоа и Гоцевиот животопис е тесно поврзан со животот на македонскиот народ, кој национално и социјално потиснат ги барал патиштата за ослободување од многувековното отоманско ропство. И во таа крвава револуционерна нишка на борбата за ослободување на македонскиот роб од ропските теглила е вплетена и Гоцевата голема животна нишка. Со тоа тој бил навистина рожба на својата епоха, изразител на стремежите на македонските народни маси за слобода, за свое достоинствено место под сонцето. Затоа и народот му го дал епитетот – “Сонцето на Македонија“, кое се наметнало спонтано, од неговиот живот исцело посветен на својата родна земја.

Неговата револуционерна концепција е смела и точно определена – да го подигне македонскиот роб од вековниот сон и да го поведе кон самостоен, револуционерен пат, по релисите на самобитните раволуционерни настојувања. Затоа како народ сме должни да му одадеме почит и должно признание на Гоце и многутемина како него.

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »