Пелистер – Куманово 79:76
Кошаркарите на Пелистер денес на ппалдне, во спортската сала “Боро Чулевски“ го одиграа првиот контролен натпревар во Битола, против екипата на Куманово.
“Пелистерци“ победија со три коша разлика 79:76, а тренерот на Пелистер, Предраг Созовски им даде шанса на сите кошаркари на кои смета во сезоната која е на прагот.
-Ова беше втор по ред контролен-пријателски натпревар во кој пробавме да одиграме работи кои ги трениравме во изминатиот период. Во оваа фаза резултатот е во втор план, а секако ќе има уште натпревари за воигрување на екипата до стартот на сезоната која е закажан за првиот викенд во октомври, вели тренерот на Пелистер, Предраг Созовски.
На првата контрола изминатиот викенд екипата на Пелистер беше поразена од екипата на Блокотехна на гостувањето во Гевгелија.






